Реферира во Народното собрание

Генчовска: Петков предложи целосна ревизија на Рамковната позиција за Македонија, ние го одбивме

Во бугарското Народно собрание започна сослушувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ и одлуката за одобрување рамката за преговори.

„Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој практично целосно се ревидира Рамковната позиција донесена од Народното собрание и Владата, но тој беше одбиен од МНР“, изјавила Генчовска во Народното собрание кое првично требаше да биде затворено, јави БГНЕС.

Таа вели дека преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање.

„Едно од нив е формулацијата на таканаречениот македонски јазик во историска и етничка смисла“, рече Генчовска коментирајќи дека новата рамковна проектна позиција не ја вклучувала бугарската позиција за јазикот.

Таа пред пратениците кажал и дека уште кога била именувана за министерка за надворешни работи на првата средба со македонскиот министер Бујар Османи му рекла да комуницираат само со неа. За жал, вели, тоа не се случи. Македонските претставници, според неа, продолжиле да бараат контакт надвор од МНР со цел да го заобиколат клучното бугарско барање за исполнување на Договорот од 2017 година.

„На 5 април оваа година надворешно-политичкиот советник на премиерот испрати свој проект за актуелизирање на Рамковната позиција, но содржината повеќе значи ревидирање на бугарската национална позиција“, изјави Генчовска.

Според неа, главниот проблем бил што додека МНР се обидувало да преговара, на друго место се создавал впечаток дека Бугарија може да сеогласи и на помалку и оти е подготвена за отстапки.

Генчовска наведе дека има четири теми за кои треба да се направи напредок за да се заштитат бугарските национални интереси: „имплементација на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на Рпублика Северна Македонија, зачувување на бугарската позиција за јазикот на соседната земја и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на ЕУ со Република Северна Македонија“.

Сослушувањето предизвика спор меѓу Промената продолжува, ГЕРБ и Има таков народ. Од „Има таков народ" предложија затворена седница за да може бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска да им соопшти на пратениците тајни белешки за разговори меѓу претставници на бугарската влада и дипломати.

Подоцна, координаторот на пратеничката група на Промената продолжува, Андреј Ѓуров пред новинарите изјави дека „предлагаат седницата да биде отворена за да можат сите бугарски граѓани да ја дознаат вистината за Република Северна Македонија“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе