Генчовска: Од Северна Македонија не сме добиле никаков документ, а во разговорите нема напредок

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска тврди дека од Македонија не добиле никаков документ, но и дека резултатите од разговорите одржани во февруари биле незадоволителни. Македонскиот министер Бујар Османи вчера рече дека „има еден документ што сме спремни да го прифатиме, но немаме одговор дека е прифатлив и за Бугарија”. 

„Билатералните разговори се одржаа на 10 февруари и се работеше на предлог-протокол, но за жал резултатите беа незадоволителни”, изјави Генчовска по седницата на бугарското Народно собрание затворена за јавноста, на која таа говореше за позицијата на Бугарија во однос на земјава.

Како што јавува МИА од Софија, по 40-минутната собраниска седница, Генчовска оценила дека е тешко да се каже оти има некаков напредок во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

„Бугарското Министерство за надворешни работи многу активно работи со надворешно-политичкиот тим на премиерот Кирил Петков”, рече Генчовска, додавајќи дека има „сериозни разлики врз основа на националната позиција до која Министерството стриктно се придржува".

Таа јасно кажа дека нема напредок по ниту една од другите четири точки од патоказот за спроведување на билатералниот Договор за соработка.

„Од јануари потрошивме време за да се завршат многу работи, а најважно е отворањето на Уставот на Северна Македонија и вклучување на тамошните Бугари во Преамбулата”, додаде Генчовска.

Според неа, реално е да се очекува дека до крајот на француското претседавање со ЕУ, Скопје „нема да има време да го отвори и заврши овој процес”.

Таа додаде дека доколку сите парламентарни партии во Бугарија сакаат барем нешто позитивно да се случи до крајот на француското претседателство, клучно е бугарскиот Парламент да даде јасен мандат за старт на преговорите на земјава со ЕУ.

Претходно, денеска во одговор до БГНЕС во врска со вчерашната изјава на Османи дека постои документ одобрен од македонска страна и се чека одговор од властите во Софија, бугарското МНР информира дека за време на состанок во февруари, Бугарија ја информирала земјава дека доставените предлози од македонска страна не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат.

Министерството уште додава и дека „кога ќе има изгледи за суштински напредок, бугарската страна ќе испрати свој контрапредлог со цел приближување на ставовите”.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе