Таа вели дека ова „дело е направено ладнокрвно, смислено и намерно“.
Генчовска по инцидентот со палењето на влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола вчера имала средба и со директорот на битолската полиција од кого побарала детални информации.
„Штом дознав на нашата средба со Бујар Османи за палењето на домот за култура, заминав за Битола. На лице место се сретнав со директорот на битолската полиција. Ви благодариме за брзата реакција и на противпожарната бригада и на полицијата, дежурниот обвинител. Директорот на полицијата се обврзува да вложи максимални напори за откривање на сторителот на овој немил и вандалски чин“, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за БГНЕС.
Таа не верува дека овој инцидент ќе влијае на односите на Бугарија со PCM.
„Во моментов нашите односи се конструктивни, има нормален работен дијалог. Двата тима работат напорно и потребни се многу часови. Продолжуваме да се обидуваме да најдеме решение за отворените прашања во спроведувањето на Договорот за добрососедство“, коментира бугарската министерка за надворешни работи.
„Нема поголем вандалски чин од давањето дозвола за отворање на „културен центар“ со името на ФАШИСТ, негатор и крвник на сопствениот народ“, коментираат од Левица.