Двајца бугарски министри ги најавија оставките

Генчовска ја најави оставката и вели дека останува бугарското вето за Македонија

Теодора Генчовска, шефица на бугарската дипломатија во бугарската влада на Кирил Петков најави дека во понеделник ќе ја напушти министерксата функција и нагласи дека останува на позицијата за вето за Македонија, што според неа, „го разбрале европските партнери. Нејзиниот сопартиец од Има таков народ, министерот за енергетика Александар Николов исто така во понеделник ќе поднесе оставка.

Двајцата министри на партијата „Има таков народ" (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник ќе поднесе оставка, согласно партиската одлука.

Генчовска за БНР рече дека Бугарија ја потврдува својата позиција за задржување на ветото за почеток на преговорите на Македонија и дека веќе има разбирање од европските партнери за нивниот став, пренесува МИА од Софија.

Запрашана за тоа дали не се врши притисок од нивните европски партнери за пристапувањето на Северна Македонија, Генчовска кажа дека сите европски партнери се веќе свесни за бугарската позиција, знаеле за условите на Бугарија од кои таа нема да отстапи. На овој начин, според неа, Бугарија ќе продолжи да ја брани својата позиција.

Министерството за енергетика на Бугарија соопшти дека министерот Александар Николов исто така во понеделник ќе ја напушти фунцијата.

Бугарскиот заменик министер за енергетика, Пламен Данаилов од „Има таков народ", за Еуроњуз Бугарија изјави дека од нивната партија било побарано продолжување на договорот со „Гаспром" додека не се најде сигурен извор на снабдување.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе