Софиски „Стандарт“

Генчовска испратила нота до македонското МНР за антибугарските слогани на протестите

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска реагира до властите во Скопје поради навредливите антибугарски пароли на протестите во земјава против францускиот план за решавање на билатералните односи, пишува софиски „Стандарт“.

Антибугарските пароли на протестите, според весникот, беа причина бугарското Министерство за надворешни работи да испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје.

„Употребата на јазикот на омраза значително се зголеми за време на протестите кои во Скопје се одржуваат веќе втора недела а се против таканаречениот француски предлог за почеток на преговори на Македонија со ЕУ“, пишува весникот.

Од бугарското МНР појаснуваат дека особено загрижувачки е што злонамерните појави во јавноста ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни взаемно прифатливи решенија во интерес на евроинтеграцијата на Скопје.

„Веруваме дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, додаваат од МНР.

 

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе