Бугарските медиуми јавуваат дека Бугарија целосно ги исполнила своите обврски и дека бугарската компанија ги изврши сите плаќања што се барале според договорот со Газпром.
Лена Бориславова, портпаролката на кабинетот на премиерот Кирил Петков, вели дека нема никаква причина за паника.
„Во февруари се разговараше за такво сценарио и ние сме подготвени да реагираме. Има договори за алтернативни испораки, се е обезбедено“, вели Бориславова.
Министерството за енергетика на Бугарија соопшти дека предлогот на руската страна за плаќање во рубли не е во согласност со потпишаниот договор и дека во земјата нема потреба од рестриктивни мерки во потрошувачката.
Рускиот гас во Македонија доаѓа преку Бугарија и Турција. Засега Македонија е без алтернатива за снабдување со гас.






