Според документ до кој дошол косовскиот медиум

Газета експрес: Зад идејата за мини-Шенген стојат Сорос и Нуланд

Газета експрес добила телеграма со која се открива потеклото на иницијативата позната како „Балкански мини-Шенген“, идеја што се обидуваат да ја спроведат Србија, Македонија и Албанија, а Косово се спротивставува велејќи дека принципите на договорот се на штета на државните интереси.

Според овој документ, зад идејата стои Фондацијата отворено општество на милијардерот Џорџ Сорос. Идејата била смислена од Викторија Нуланд, поранешна висока функционерка на американскиот Стејт департмент, па Александар Сорос, син на славниот милијардер, го покренал овој проект.

Газета експрес добила документ во кој се вели дека иницијативата промовирана од албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и македонскиот премиер Зоран Заев не е спонзорирана од САД ниту од ЕУ, туку е иницирана од еден милијардер. Соединетите Држави наводно ја поддржуваат оваа идеја само во принцип, но како што изјавиле американските власти, само доколку иницијативата ги вклучува сите. Во еден документ на косовското Министерство за надворешни работи, до кое дошла Газета експрес, се наведува дека „иницијативата е покрената од Викторија Нуланд (поранешен висок функционер на американскиот Стејт департмент), која во моментов е ангажирана во приватниот сектор, и беше спонзорирана од Фондацијата отворено општество, имено од Александар Сорос“.

Понатаму во документот се потенцира дека интензивните подготовки за имплементација на овој проект почнале во септември 2019 година и се истакнуваат состаноците на Нуланд и на Сорос во Тирана, Белград и Скопје. Документот, вели косовскиот портал, ги истакнува и политичките закани со кои може да се соочи Косово ако проектот биде целосно спроведен.

Во овој документ е наведено дека „мини-Шенгенот“ ѝ дава можност на Србија да се докаже како конструктивен фактор во регионот без да исполни никаква обврска кон Косово. Понатаму, се препорачува Косово да ѝ се спротивстави на оваа иницијатива преку зголемување на соработката со Албанија и Црна Гора со оглед дека Подгорица одби или не сака да влезе во проектот. „Ако Косово не реагира навремено, постои реална опасност заемното признавање, како краен производ на договорот Косово-Србија, да се замени со рамноправна застапеност на слични платформи. Ова би ѝ овозможило на Србија да напредува во својата европска агенда без да го признае Косово“, се наведува во документот. Исто така косовското Министерство за надворешни работи предупредува дека „мини-Шенгенот“ ќе ѝ наштети на косовската економија.

„Балканскиот мини-Шенген“ ги залади односите на Албанија и на Косово, вели Газета експрес. Албанскиот премиер, Еди Рама, покрај нападите против косовското раководство за бојкотирање на состанокот на регионалните лидери што се одржа минатата недела во Тирана, рече дека Србија прифатила да ја спроведе идејата без никаков услов, што е дезинформација, со оглед на тоа дека Србија никогаш не би ја прифатила државноста на Косово во овој формат, почнувајќи дури и од симболични чекори, како што е изложувањето на косовското знаме, додека косовските власти не би смееле да патуваат во Србија за да присуствуваат на состанокот „мини-Шенген“. Бидејќи Рама им беше домаќин на регионалните лидери, Александар Сорос наводно останал во Тирана и во последните неколку месеци беше вклучен во „шатл-дипломатија“ во регионот, летајќи меѓу Белград, Приштина и Скопје. Но се чини дека дипломатијата на Сорос не била успешна, вели Газета експрес. Косово ја одби поканата да присуствува на состанокот во Тирана.

Косовскиот претседател Хашим Тачи во објава на Фејсбук рече дека учеството на Косово во тој формат е бесмислено со оглед дека Србија и Босна и Херцеговина одбиваат да го признаат Косово како независна држава и рече дека Србија продолжува да ги поткопува напорите за консолидација на државноста на Косово. Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај рече дека целиот овој проект има цел да го убеди Косово да ја повлече таксата од 100% што ја воведе неговата влада за сите српски производи. Албанскиот премиер Рама реагираше на изјавата нарекувајќи го Харадинај „лажго“, вели Газета експрес.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе