Прес-конференција на Алтернатива

Гаши: Со повлекувањето на Левица од списокот, Алтернатива ќе гласа за недоверба на Владата

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши денеска на прес конференција соопшти дека партијата изгради став и дека сите четворица пратеници утре ќе гласаат за недоверба на Владата. „Не сме за брзи избори, ова е време на криза, потребна ни е Влада која ќе работи и ќе го задржи и евроатланскиот курс“, рече Гаши и додаде дека Алтернатива нема да биде дел од која било идна Влада која нема да стои на НАТО и ЕУ позициите.

„Имаше голема пречка за нас во однос на гласањето за недоверба на Владата, но Димитар Апасиев го повлече својот потпис од Иницијативата за гласање недоверба на Владата, со што е отстрането тоа како проблем и сега можам да потврдам дека ние, четирите пратеници на Алтернатива, утре ќе гласаме за недоверба на Владата“, рече Гаши на прес-конференцијата во седиштето на партијата на која се појави заедно со пратеникот Скендер Реџепи - Зејд.

Тој нагласи дека Алтернатива нема да биде дел од ниедна идна Влада која во својата прогама нема јасно дефиниран евроатланскиот курс.

„Битно е сега дека утре  ќе гласаме за недоверба на Владата. Го слушнавме гласот на членството и на граѓаните и горди сме што ќе гласаме така“, рече Гаши.

Утре е многу важен ден, рече лидерот на Алтернатива и нагласи дека ќе биде битно ако Владата падне, затоа што тоа ќе значи заминување на ДУИ во опозиција по 20-годишно лошо владеење за граѓаните. 

„Ние својот придонес ќе го дадеме со четири гласови, толку можеме, како ќе се одвиваат работите во Собранието ќе зависи и од други пратеници“, одговори Гаши на новинарско прашање.

На друго новинарско прашање тој рече дека може да говори за тоа како ќе гласаат пратениците од Алтернатива, но дека не може да каже дали Владата ќе падне.

„Не мислиме дека излез се брзи избори, треба најпрво да се види какво ќе биде мнозинството, кому претседателот Стево Пендаровски ќе му го довери мандатот. Не сме за брзи парламентарни избори, зашто ова е време на криза и енергетска и економска и пандемиска, сметаме дека е важно брзо да се формира Влада со полн мандат и таа да го задржи и евроатланскиот курс“, нагласи Гаши.

Пратеникот Скендер Реџепи, поради кого беше ревидиран списокот на пратеници кои ја поднесоа иницијативата до Собранието, рече дека е горд што Алтернатива донесе единствен став и затоа што ќе гласаат за недоверба на Владата.

Реџепи до последен момент со изјавите за медиумите остана на ставот дека нема да гласа доколку на истиот список на пратеници кои побараа седница за доверба на Владата бидат и двајцата пратеници од Левица кои според него, имаат изразити антиалбански и анти - НАТО ставови. Тој сега прифати да учествува на собраниската седница откако ја прифати понудата од ВМРО-ДПМНЕ списокот да биде ревидиран со изоставување на потписите на пратениците од Левица и повторно поднесен до собраниските служби.

П.Џ.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе