По преговорите со премиерот

Гаши се „испазари“ за три министерски места, а премиерот Заев дозволи и ревизија на судски пресуди

По вчерашната одлука на Алтернатива да стане дел од владината коалиција СДСМ-ДУИ, од партиски извори дознаваме дека Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, во преговорите со премиерот Зоран Заев успеал да добие 47 раководни функции меѓу кои вицепремиер, двајца министри, двајца заменици министри, МЕПСО…

Освен тоа, портпаролот на Алтернатова Орхан Муртезани вчера изјави дека било договорено Владата да бара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу...

Неофицијално Алтернатива ќе го добие министерското место за здравство, за информатика и министер за дијаспора. Заменици министри од Алтернатива ќе бидат во култура, земјоделство и транспорт, заменик претседател на Собранието, директорско место во МЕПСО... и уште десетици места во јавните претпријатија, здравствени установи, надзорни и управни одбори...

Димитар Апасиев од Левица за овој договор напиша: „ЛДП и ДОМ имаа 4 пратеници, а само 1 (небитно) министерство. Алтернатива има 4 пратеници, а ќе има 3 (битни) министерства!? Само јас ли не го разбирам мазохизмот на либералите и зелените?“.

За денеска во 13 часот договорена е нова средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која ќе се потпише програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партискиот портпарол Муртезани, е историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евроинтеграција на целиот регион.

A.Д.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе