„Смртта на Реџаил Ќерими е најтажната вест што ни доаѓа годинава. Иако не успеавме да уживаме во правдата на овој свет, него секогаш ќе го паметиме како човек со доблест и човек посветен на слободата. Спротивно на нашата заложба и неговиот случај да се истражи од страна на меѓународни инстанци, Божјата задача била, пред тој да ужива во правдата на овој свет, да се здружи со Апсолутна правда. Вечен да му е споменот и рајот да му биде вечен дом“! напиша Гаши на својот фејсбук - профил.
Инаку, токму Алтернатива кон крајот на минатата година во преговорите за влез во Владата побара меѓународни експерти да ги преиспитаат судските пресуди за нколку случаи, меѓу кои и за случајот „Алфа“.
За нападот на полицајците на паркингот пред Факултетот, што беше извршен во ноември 2008 година, на доживотна затворска во 2010 година беа осудени Ќерими и Агим Ислами. На 9 години затвор е осуден Рамадан Шаќири, како соучесник во делото, додека Алмир Дрпљани, на доживотен затвор, откако по бегството беше екстрадиран во Македонија.
Во нападот беше убиен полицаецот Албанец Африм Арифи, а двајца негови колеги Македонци беа ранети.
Политичките партии на Албанците во изминатите години изразуваат сомневање дека се осудени вистинските виновници и сметаат дека случајот не е доволно истражен врз база на докази и дека спаѓа во групата политички процеси.