По лидерската

Гаши: 12 април ќе биде добар ден за да изгрее ново сонце за сите и да има промени и кај Албанците

Претседателот на алтернатива Африм Гаши денес по завршување на лидерската средба истакна дека е договорен датум за избори и дека тој датум ќе биде добар ден за сите за да изгрее ново сонце и да има промени и кај Албанците.

„Знаете дека на оваа средба се разговарало за две битни теми, првата е новиот контекст после одбивањето на започнување на преговори, и одредување на датум на предвремени избори. Околу првата тема е дека додека не стасаме до ЕУ да не престанеме да се стремиме кон европските вредности. Додека за втората тема разговаравме принципиелно кога би можеле да се случат предвремените избори и дека законот за влада треба да се почитува и да има 100 дена политичка влада. 12 април ќе биде добар ден да изгрее ново сонце за сите и да има промени и кај Албанците", изјави претседателот на Алтернатива Африм Гаши.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе