Реакција

Ганка Цветанова: И Димитров на распит по признанието дека се тргувало со пратеници

Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура преку својот твитер-профил му постави неколку прашања на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров по неговото признавање за тоа дека имало некакво тргување со одговорноста на пратениците, мислејќи на настаните за време на уставните промени и промената на името.

Ганка Цветанова

„Дали после признанието на Никола Димитров во кое кажува дека со пратениците се тргувало за промена на името и Уставот на Македонија, истиот ќе биде повикан на распит да даде изјава? Дали ќе има официјална истрага? Дали е ова вовед во поништување на Преспанскиот договор?

Дали во патетичниот обид да се дистанцира од Рекет, кога Димитров вели: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста", мисли на отфрлање на кривичната на една од пратеничките за СК 2014 од страна на СЈО?

Дали Катица Јанева е сѐ уште на слобода бидејќи се заканува дека ќе проговори за тоа како со помош на СЈО биле уценувани дел пратениците за да гласаат за промена на името, Уставот и историјата на Република Македонија?“

Димитров, на својот фејсбук-профил, во обид да се огради од случајот „Рекет“ и од Бојан Јовановски, напиша: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста“.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе