Се огласи и авторот од „Ла верита“

Гајзер: Сакам да спречам Македонија да биде понижена

По објавувањето на втората снимка за случајот „Рекет“, авторот на текстот во италијанскиот весник „Ла верита“, Ларис Гајзер се огласи на Фејсбук со објаснување зошто ги објавува материјалите.

Во објаснувањето тврди дека не сакал да биде инволвиран во меѓународни политички препирки, туку сакал да даде свој придонес во потрагата по вистината „за да им помогнел  на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава“.

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.

Сите мои поранешни написи и говори беа во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.
„Јас не сум богат. Немам огромни финансиски фондови за да спроведувам експериментални револуции. Како и моите пријатели во „Ла Верита“ ја мразам глупавоста и манипулациите. Веруваме во човечката интелигенција и слобода. И двете секогаш го наоѓаат патот да испливаат на површина и да надвладеат. Дури и после долги периоди на понижувања. Мојата надеж денес е преку моите извештаи да ги охрабрам добрите, сѐ уште независни, слободни судии, вистинските верувачи во важноста на владеењето на правото, да продолжат да истражуваат и да ја направат Македонија светол пример на стабилна земја!“, пишува Гајзер.

 

 

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе