Италијанскиот новинар за Радио Каподистриа

Гајзер прогнозира крај на премиерската кариера на Заев

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајзер по објавувањето на „бомбите“ за случајот „Рекет“ денеска за радиото Каподистрија ги анализираше случувањата поврзани со аферата.

Тој во разговор за радиото кажа дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив.

„Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив“, вели Гајзер.

Тој кажа дека се разоткрила системска корупција, и политичка и судска, а аудио разговорите јавно ги објавиле зашто се стравувало дека ќе исчезнат доказите.

Според него,„претседателот Пендаровски вчера со прес-конференцијата покажал дека полека се дистанцира од Заев. 

„Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер. Заев нема меѓународен кредибилитет“, рече Гајзер.

На прашањето дали се познава со поранешниот премиер Никола Груевски, тој „призна дека имал контакт со луѓе на Груевски од минатото, но дека лично не го познава ниту него, ниту Виктор Орбан“.

Гајсер уште изнесе информација дека српскиот претседател Александар Вучиќ „го преупредил Заев дека му се подготвува сценарио“.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе