СДСМ: Функционер на ВМРО-ДПМНЕ фатен како бара поткуп од земјоделец

Пред неколку дена јавноста беше сведок како функционер на ВМРО-ДПМНЕ, вработен во државна институција примил поткуп од 600 евра од еден земјоделец од радовишкото село Бучим, велат од СДСМ.

„Полицијата му поднесе кривична пријава на Игор Гоцевски преку Јавното обвинителство во Струмица откако го приведе со обележани банкноти во износ од 36 000 денари. Гоцевски е член на Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ во Струмица, а го води партискиот центар за аналитика. Тој е дел од тимот на Христијан Мицкоски и ја спроведува криминалната политика на ВМРО-ДПМНЕ која со закани и страв сака да ги држи граѓаните под контрола. Овој случај е потврда каква е политиката на ВМРО ДПМНЕ. Ако нивниот функционер ова го правел кога неговата партија не е на власт само може да се претпостави што правел Гоцевски и уште многу други како него кога на власт беше режимот на Никола Груевски.

Настанот потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ владееле со закани и уцени сеејќи страв кај земјоделците кои биле принудувани да даваат поткуп на партиски и државни функционери, тогашни тимски играчи на Груевски, а сега на Мицкоски. Но ова потврдува и дека ништо не е сменето во партијата предводена од Мицкоски“, истакнуваат од СДСМ.


 

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе