Изјава на поранешниот евроамбасадор во Македонија

Фуере: Вархеји да се засрами, покажувајќи грижа за Бугарија си отвори пат за оставка

Како можете да ги поддржувате „сите бугарски грижи" и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, смета поранешниот европратеник Ерван Фуере во коментар на твитот на европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека „бугарски загрижености" ќе бидат дел од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ. Тоа нема логика, Вархеји треба да си поднесе оставка, вели Фуере.

„Целосно нема логика... Како можете да ги поддржувате 'сите бугарски грижи' и да ги правите дел од преговарачкиот процес, кога некои од тие грижи се против сето она за што се залага ЕУ, додека други се во спротивност со пресудите на европските Судот за човекови права. Комесарот треба да се срами од себе“, наведува Фуере и му порачува на Вархеји да поднесе оставка „или да биде  принуден да поднесе оставка“.

Еврокомесарот Вархеји вчера на Твитер објави дека „ЕУ ги прифаќа сите бугарски загрижености мошне сериозно" и дека тие ќе станат дел од преговарачкиот процес на земјава со Унијата.

„ЕУ ги прима сите бугарски загрижености мошне сериозно и тие се сега дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западен Балкан треба да биде дел до ЕУ. Заедно ќе бидеме посилни“, напиша вчера Вархеји на Твитер.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе