ФУЕН бара културна автономија на Македонците во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на својата веб страница денеска ја објави Резолуцијата со која се бара културна и образовна автономија за македонското малцинство во Албанија.

Во исто време ФУЕН соопшти дека документот е доставен до Владата на Република Албанија, шефот на државата, Парламентот и меѓународните институции.
 
Резолуцијата по предлог на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана беше едногласно усвоена на 64. Конгрес во Братислава, Република Словачка во средината на минатиот месец.
 
„Ова е навистина добра вест за нас, бидејќи со текстот на Резолуцијата сега се дава можност да се запознаат многу народи во светот. Документот содржи три точки во кои бараме  од албанската влада  културна и образовна автономија за жителите на регионите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора со цел да се зачува македонската култура во овие региони населени со македонско население“, изјави за МИА претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
 
Од име на Друштвото и припадниците на македонското малцинство, ФУЕН апелира до Владата во Тирана да отвори катедри за македонски јазик на државниот универзитет во Тирана и на државниот универзитет „Фан Ноли" во Корча.
 
„Исто така ја повикува Владата да обезбеди пропорционална застапеност на Македонците во државните институции, органите на локалната самоуправа и локалната администрација каде што живее значителен број Македонци, како и претставик на македонското национално малцинство во Управниот одбор на албанската државна радиотелевизија“, рече Ѓурѓај.
 
За Рзолуцијата гласаа сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа.
 
Македонско друштво „Илинден" е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година со што  стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава во Европа кое е рамноправен член, со право на глас.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе