Реакција

Фронт 21/42: Изјавата на Заев за Охрид е застрашувачка

Изјавата на премиерот дека Охрид треба и ќе се развива и понатаму, дадена додека се  разгледуваше можноста охридскиот регион да биде прогласен за наследство во опасност, е  застрашувачка (поаѓајќи од досегашното искуство дека под „развој“ се подразбира градење и  урбанизација). За охридскиот регион секаква понатамошна урбанизација не е развој, туку  назадување и дополнителна деградација на алармантно лошата состојба, се вели во реакцијата на невладината организација „Фронт 21/42" во врска со 44-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и одлуката за невпишување на охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност.

„Она што е неопходно  е развој на свеста, особено свеста на носителите на одлуки и на локално и на централно ниво.  Поразителна е и изјавата дека никој не е одговорен за состојбата на највредното богатство во земјава – отсуството на чувство за одговорност кај македонските политичари и кон сопствената нација и кон идните генерации на целиот свет е една од главните причини за уништување на вредностите на светското наследство, од прогласувањето на независност на нашата држава до денес“, сметаат од Фронт 21/42. Тие бараат Владата да донесе итна одлука за прогласување на вистински мораториум на секаква урбана и крајбрежна трансформација на територијата на охридскиот регион, односно доследно да ја спроведе препораката на Мисијата од 2020 година и Законот за управување со наследството.

„Длабоко сме загрижени за иднината на единственото Светско природно и културно наследство во  нашата земја, по усвојувањето на одлуката на Комитетот за светско наследство да не го впише  Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

Втор пат по ред Комитетот одлучи да ја отфрли експертската проценка на научниците, базирана на  нивната посета на терен, овој пат алармирачка проценка дека не само што заканите  идентификувани во 2017 година се присутни, туку во 2020 година се додадени и нови закани на веќе ранливата состојба. Научните факти за состојбата на охридскиот регион не беа особено релевантни за Комитетот за светско наследство, кој одлучи дека прогласувањето на светско наследство во опасност е поврзано со имиџот на владите, а не со зачувување на доброто.

Одлуката од 2019 година ги охрабри македонските власти да продолжат со урбанизација на  наследството; да предложат закони кои носат поволности за дивоградбите, маскирани со  отстранувања на неколку привремени конструкции; да усвојуваат формални одлуки кои навидум ги  спроведуваат препораките, но во реалноста овозможуваат продолжување на уништувањето; да не ги спроведат активностите од Планот за управување кои се клучни за воспоставување на ефективна правна заштита... Ваквите постапки не престанаа дури ни по застрашувачкото предупредување на реактивната мониторинг мисија од 2020 година дека „тековните и планираните модификации и развој забрзано ја водат веќе ранливата состојба кон точка по која нема враќање“.

Стравуваме дека оваа точка на неповрат ќе биде достигната многу набрзо, благодарение на новото охрабрување кое го носи повторената одлука на Комитетот во 2021 година да не го впише охридскиот регион во Листата на светски наследства во опасност.

Во Фуџоу на набљудувачките граѓански организации им се даде збор во времетраење од 1 минута, по усвојување на одлуките. Ваквиот модел на „партиципативна демократија“ во која ставовите на граѓанскиот сектор и автохтоното население немаат никакво значење во процесот на донесување одлуки е дијаметрална спротивност на Архуската конвенција, донесена токму од Обединетите Нации.

Четириест и четвртата сесија на Комитетот за светско наследство означи голем триумф на  политиката врз науката во организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации, политика која не е особено заинтересирана за конзервација на светските наследства и комплетно ја обезвреднува улогата на заедниците – две од петте стратешки цели на Конвенцијата.

Благодарни сме за чесната работа на Центарот за светско наследство и советодавните тела (ИУЦН и ИКОМОС), а особено сме благодарни на делегацијата на Норвешка, осамениот глас на разум,  интегритет и автентична грижа за чудата на природата и исклучителните достигнувања на човештвото.

До министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО апелираме да го имплементира во реалноста она што презентираше дека се спроведува за време на сесијата на Комитетот за светско наследство и навистина да пристапи кон доследно спроведување на планот за управување со охридскиот регион, почнувајќи од усвојување на новиот Закон за управување со наследството, кој според акцискиот план требаше да биде донесен најдоцна до октомври 2020 година, активност за која се одговорни токму министерството со кое раководи и Министерството за животна средина“, се вели во реакцијата на Фронт 21/42.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе