ФРОДЕМ: Законите подеднакво треба да важат и за владиците и за оџите

Итно е потребна оставка на техничката влада и формирање преодна експертска влада кој во најкус можен рок ќе ја стави кризата под контрола со одлуки кои подеднакво ќе важат за сите граѓани во државава и ќе ги спроведе закажаните парламентарни изборивелат од партијата ФРОДЕМ.

„ФРОДЕМ како дел од коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ неможе да се изначуди на неспособноста и на селетивниот пристап на техничката влада при носењето одлуки и уредби со законска сила. Имено, на препорака на Комисијата за заразни болести техничката влада донесе одлука за повторно воведување забрана за движење на граѓаните за време големите христијански празници Задушница и Духовден и тоа во времетрање од 80 часа на поголем дел од територијата на државата. Јасно е дека целта на оваа уредба е да го спречи практикувањето на вековниот православен обичај на одење на гробовите на нашите блиски починати души, на иста начин како што беше спречено да се празнува големиот христијански празник Велигден“, реагираат од ФРОДЕМ.

„Немаше да реагираме доколку исто вака се постапеше и за време рамазанските празници и да им забранеше на верниците од муслиманска вероисповест масовно да ги посетуваат џамиите. Немаше вака да реагираме доколку власта покренеше сериозна кривична пријава за поранешниот поглавар на ИВЗ кој јавно ги повика верниците масовно да ги посетат џамиите и да не ги почитуваат одлуките на владата, исто онака како што сега го прави со покренување на постапка против православниот владика Агатангел“, велат од ФРОДЕМ.

Според нив, на ваков начин техничката влада со уредби полни со дневна политика и селективен пристап кон припадниците на разни верски конфесии свесно го дели граѓаните и посадува сериозна основа за разгорување на меѓуверска нетрпеливост. Од друга страна на техничката влада мора да и стане јасно дека пред законите и донесените одлуки подеднакво треба да се третираат како владиците, така и оџите и сите останати верски лидери. Законите или уредбите не смеат да важат или да не важат само за одредена привилегирана етничка заедница. Пред законите сите сме исти.

„Оваа последна одлука како и големиот број на досега усвоените ,,пиши бриши” уредби со законска сила, како и уредби во интерес на одредени структури на политичките елити  јасно ни даваат до знаење дека оваа техничка влада нема капацитет, знаење ниту пак желба и храброст сериозно и неселективно да се справи со последиците од кризата предизвиката од корона вирусот. Не смее и не може бизнис интересите на политичарите и дневната политика на задоволување на каприците на било која етничка заедница да бидат приоритет во една држава, но за жал и предуслов за нова криза и поделба. Затоа е потребно под итно нејзина оставка и формирање преодна експертска влада кој во најкус можен рок ќе ја стави кризата под контрола со одлуки кои подеднакво ќе важат за сите граѓани во државава и ќе ги спроведе закажаните парламентарни избори“,  велат од ФРОДЕМ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе