ИЗВЕШТАЈ

Фридом хаус: Македонија со најмала демократија во регионот

Македонија е на најниско демократско ниво од 2001 година, кога земјата се соочи со насилен етнички конфликт, се наведува во новиот извештај на Фридом хаус „Земји во транзиција“, објавен денеска. 

Во извештајот Македонија е сместена во групата на земји со транзициски влади или хибридни режими. Во таа група од регионот се уште и Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, како и Украина и Романија.

Македонија, според Фридом хаус, забележува пад по сите параметри. Кај демократското владеење падот е од 4,75 на 5,00 поради натамошната ескалација на политичката криза предизвикана од аболициите на претседателот, недостигот од политички дијалог и контроверзното и конфликтно функционирање на државните политички институции.

Во однос на изборниот процес падот е од 3,75 на 4,00 како резултат на повеќекратното одлагање на парламентарните избори и изборните нерегуларности и покрај законските измени и активности, предвидени со политичкиот договор од Пржино.

Пад од 4,50 на 4,75 има и кај судството, а причината е во зголеменото политичко влијание врз судството, за што како пример се наведуваат пречките во работењето на Специјалното јавно обвинителство.

Неказнивоста во случаи на корупција на високо ниво доведе до пад кај борбата против корупцијата од 4,50 на 4,75, па вкупниот резултат за демократијата во Македонија падна од 4,29 колку што беше претходната година, на 4,43. Највисоката оценка за демократските процеси е 1, а најниската е 7.

„Политичката поларизација меѓу владата и опозицијата стана поизразена откако владејачката политичка елита се бори да остане на власт. Дејствијата на владејачката партија и политичката клима во целост ги спречи спроведувањето на итните демократски приоритети барани од страна на Европската Унија (ЕУ). Потребни се значителни реформи за да се врати земјата назад на патот на демократизацијата“, се вели во извештајот.

Инаку, заедничко за сите земји на Балканот е постепеното нарушување на квалитетот на владеењето. 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе