Париз

Француското Собрание на 21 ноември ќе расправа за Протоколот за членството на Македонија во НАТО

Националното собрание на Франција на 21 овој месец ќе расправа и најверојатно ќе го усвои Предлог-законот за ратификација на протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО, јави дописникот на МИА.

Предлог-законот на француското Министерство за Европа и надворешни работи со кој се ратификува Протоколот на НАТО за пристапување на Република Северна Македонија, веќе беше усвоен од Сенатот во Париз на 17 октомври, а тој сѐ уште во парламентарна процедура во Долниот дом на Парламентот, Националното собрание. По комисиските расправи, предложениот закон ќе се најде на расправа на собраниската седница на 21 ноември, кога се очекува и да биде усвоен.

Во образложението на Предлогот, дадено од француското Министерство за Европа и надворешни работи, пристапувањето на Северна Македонија во НАТО „ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на Алијансата во целина“.

„Франција ќе остане особено будна во однос на клучните принципи на процесот на проширување на НАТО, а тоа се проценка на индивидуалните постигнувања на земјите кандидатки и нивниот придонес за безбедноста на евроатлантската област“, се наведува во образложението.

По ратификацијата на Протоколот од страна на Франција, ќе остане уште тој да биде одобрен и од шпанскиот Парламент, што се очекува да се случи до крајот на јануари, со што ќе заврши процесот на ратификација на документот во сите 29 земји членки на НАТО и земјава ќе стане полноправна членка на Алијансата. 

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе