Францускиот предлог примен во бугарскиот парламент, според „Стандард“ има време да се фатат роковите

Нацрт-протоколот со Скопје е веќе испратен до Комисијата за надворешни работи во Собранието, информираат од прес-центарот на Народното собрание. Засега нема информации дали и за кога е предвидена седница на Комисијата за надворешна политика на бугарското Собрание. Според софиски „Стандард“, доколку Бугарија вечерва даде позитивен одговор за францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија, може да се „фати“ рокот за определување датум за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ.

„Доколку Софија вечерва даде позитивен одговор за предлозите на француското претседателство за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, утре се очекува Советот за општи работи на ЕУ да ги одобри преговарачките рамки и придружните документи за Скопје и Тирана, а на Самитот за Западен Балкан в четврток да бидат одредени датумите за почеток на преговорите“, наведува „Стандард".

„Стандард" тврди дека во поднесениот предлог на француското претседателство и европските институции се прифатени повеќето барања на Бугарија за Северна Македонија и тие се вклучени во преговарачката рамка.

„Промената на Уставот на Северна Македонија ќе обезбеди почитување на правата на Бугарите во земјата, а Европската комисија ќе врши мониторинг на процесот, што ги вклучува и дискриминацијата и говорот на омраза“, наведува весникот.

Весникот потсетува дека постојаните дипломатски претставници на земјите членки на ЕУ ќе се сретнат вечерва во Луксембург за да разговараат за т.н. „француски предлог" за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и за почеток на преговорите со Скопје и Тирана за членство во Унијата, при што ставот на Бугарија за преговарачката рамка предложена од Франција како претседавач со ЕУ се очекува да го изнесе Комисијата за надворешни работи на бугарското Народно собрание, откако Владата во Софија на 15 јуни реши сите одлуки во врска со спорот со земјава да им ги препушти на бугарските пратеници.

Бугарија успеа да го оствари своето барање ЕУ да стане гарант за исполнување на бугарските барања за Скопје, што е без преседан, бидејќи досега земјите-членки избегнуваа да ги поставуваат билатералните спорови на европско ниво, пишува бугарски „Медиапул“.

Во меѓувреме, потпретседателот на бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи Кристиан Вигенин оцени дека „францускиот предлог" е најдоброто решение понудено од 2019 година, па досега.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе