Афера „Двојник“ или „Мафија“

Француска, италијанска, албанска и хрватска полиција трагаа по криминалци со македонски пасоши

На 11 септември 2019 година, Ален Буниќ, најбараниот хрватски криминалец за трговија со дрога, во 10.53 часот пристигнал во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, поднел барање за пасош, бил фотографиран и оставил отпечаток на прст, и истиот ден во 17.12 часот си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Атанас Костадинов Витанов. За Буниќ уште во 2008 година канцелариите на Интерпол Италија и на Перу распишале потерници.

Ален Буниќ е познат на хрватските правосудни органи како ограбувач на на банки. Во 2008 година тој од италијанските карабињери бил фатен со 16 килограми хашиш. Осомничен е и за вооружени грабежи на златари и специјализирани продавници за скапоцени камења и часовници. Од 2008 година е во бегство, а македонскиот пасош со украден идентитет на име Атанас Костадинов Витанов е откриен на 2 март 2021 година.

Буниќ по 2008 година заминува за Лима, Пeру, каде се приклучува на колумбијскиот картел предводен од Хуан Камило Муноз Родригуез и од Фабијан Флорес салицио, со прекар Карачула. Овој наркокартел главно се занимаваше со пренос на кокаин со авиони за европскиот пазар.

Ален Буниќ е поранешен сопруг на Романа Буниќ, претприемач и кандидат на ХСП во Загреб, а во нејзината куќа во елитната населба Шестине полицијата во една прилика пронашла два пиштола, калашников, муниција и нешто повеќе од еден килограм кокаин. 

И Хектор Николи Шаќир е познат криминалец по кого трага француската полиција, а има македонски пасош. Во јануари 2013 Шаќир е осуден на казна затвор за трговија со дрога во Рен, Бретања, Франција и по него е распишана потерница преку Интерпол Париз. Сепак, тој на 6 септември 2018 во Скопје без никакви проблеми добива македонски пасош со украден идентитет на Олси Ковачи. Идентитетот на Николи е откриен на 26 февруари 2021 година. 

Хектор и неговиот брат Ресми Николи, со променет идентитет во Александар Коро се припадници на албанска наркогрупа предводена од Даниел Дапи. Групата била стационирана во Амстердам, Холандија и дистрибуирале хероин во северна Франција, во Рен, Бретања. Француската жандармерија повеќе од две години применувала посебни истражни мерки за да ја сузбие оваа наркогрупа. 

Даниел Дапи бил осуден во Грција на 22 години затвор за убиство, а Хектор Николи во 1996 година бил обвинет и баран со меѓународна потерница за двојно убиство во Албанија.

А.Д. 

Ударната тројка на наркокартелот на Дарко Шариќ има македонски пасош со украдени идентитети

Сенар Елтер - за Турција терорист, за македонското МВР македонски државјанин со украден идентитет

Познат разбојник од Албанија со меѓународна потерница без проблем извадил македонски пасош со украден идентитет 

Војната меѓу клановите Кавачи и Шкаљари се водеше со македонски пасоши со украдени идентитети

Со две потерници за перење пари Елвис Влади влегува во МВР и без проблем добива македонски пасош

Припадници на ИСИС со македонски пасоши слободно шетале по светот

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

 

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Седат Пекер преку видеопораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

ВМРО-ДПМНЕ: Балкански мафијашки босови легално си добивале македонски пасоши со помош на Заев и Спасовски

 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе