Деветти белградски форум за безбедност

Франција желна да докаже дека сè уште му е посветена на Западен Балкан

И покрај тоа што Франција сака да биде повеќе вклучена во регионот, сепак на состаноците на Европскиот совет денес и утре е резервирана кон почнувањето преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија, изјави директорот за континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција Фредерик Мондолони на големото отворање на Деветтиот белградски форум за безбедност.

Говорејќи на темата одржливо решение за Западен Балкан, поранешниот амбасадор во Србија, Мондолони, рече дека не постои единство во Европскиот совет по ова прашање, особено кога станува збор за одлуката дали да се одвојат двете држави, и дека Франција е за реформа на политиката на проширување, бидејќи таа не дава задоволителни резултати.

„Ова не е француско НЕ, тоа е француско ДА, но сакаме да се осигуриме дека сите критериуми се исполнети и дека процедурите за проширување се реформираат“, истакна тој.

Мондолони потсети на Стратегијата што Франција пролетва ја дизајнираше за Западен Балкан, потенцирајќи дека целта е да се стабилизира Западен Балкан во рамките на ЕУ. Според него, ова покажува дека неговата земја верува дека Западен Балкан е важен регион во кој сака да биде повеќе вклучена.

„Ние сме ангажирани, посветени сме, не го забораваме Западен Балкан, напротив“, рече Мондолони.

Тој исто така кажа дека смета дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е од витално значење за регионот и ја истакна подготвеноста на Франција да работи со новиот висок претставник Јосеп Борел.

Дејвид Костеланцик, директор на канцеларијата за Јужна и Источна Европа во американскиот Стејт департмент, ја изрази силната поддршка од Соединетите Американски Држави во процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, кои, според него, презедоа храбри чекори во спроведувањето на реформите.

И директорката за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во германската Федерална канцеларија за надворешни работи, Сабин Шац, има сличен став.

Таа рече дека, иако има уште многу да се направи, „особено во случајот со Албанија“, одлуката на Европскиот совет е за испраќање позитивен сигнал во регионот.

„ЕУ никогаш нема да биде комплетна без Западен Балкан“, рече Шац, додавајќи дека Берлинскиот процес никогаш не бил планиран како додаток за пристапниот процес.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе