Франција му донираше на МВР техничка опрема и софтвер за вештачење

Техничка опрема и софтвер за потребите на МВР донираше денес Франција. Од МВР соопштуваат дека донацијата била примена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на работна средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер.

„Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, кој во оваа прилика во име на Владата на Француската Република за потребите на Министерството за внатрешни работи, поточно на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења му врачи на министерот Спасовски и донација, техничка опрема и софтвер, набавена за потребите на оваа организациона единица. Партнери на овој проект се Националниот институт за криминалистичка техника од Лион, кој ги обезбеди плановите за опремата, како и Дирекцијата за соработка во областа на безбедноста и одбраната при француското Министерство за Европа и надворешни работи, која ја финансираше донацијата, заедно со компанијата „Ивотехна“, која ги спроведе работите. Всушност, оваа активност од билатералната соработка е дел од француско-германската иницијатива за борба против трговијата со мало и лесно оружје и муниција со мал калибар и француската меѓуминистерска стратегија за Западен Балкан“, соопштуваат од МВР. 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе