Франција бара владеење на правото и продолжување на реформите во Македонија

Амели де Моншалин, државен секретар во француското Министерство за Европа и надворешни работи, во разговорот со министерот за надворешни работи Никола Димитров ја повтори француската позиција за приближување на земјите од Западен Балкан со Европската унија и особено ја истакна потребата за целосно почитување на владеењето на правото, што е во срцето на европските вредности и продолжувањето на реформите, се вели во соопштение од француското Министерство за надворешни работи.

На средбата на Димитров и Де Моншален е направен преглед на европската перспектива на Северна Македонија.

„Државниот секретар во разговорот со шефот на македонската дипломатија потсети на заложбата на Франција да го поддржува одржливото стабилизирање, економскиот и социјалниот развој и зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан, потпирајќи се врз стратегијата на Франција за регионот“, стои во соопштението

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе