Фондацијата „Заев – Едно општество за сите" во Украина испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите" испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина, информираше на својот Фејсбук-профил поранешниот премиер Зоран Заев.

„Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина.

Помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи,“ пишува Заев.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија, Заев порача дека е јасна позиција на државата како припадник на западниот, демократски и мирољубив свет. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе