Претседателката на Европската комисија

Фон дер Лајен ја најави новата методологија за проширување на ЕУ за неколку недели

Следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан, а Европската комисија за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување, најави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен во Европскиот парламент.

При претставувањето на хрватскиот претседателство со Унијата, Фон дер Лајен ја повика ЕУ да го оддржи моментумот кога станува збор за Западен Балкан.

„Доколку сакаме успешен самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб тогаш мораме сега да ја направиме нашата домашна задача. Затоа за неколку недели ќе ја претставиме нашата нова методологија за проширување за да разговараме за неопходната модернизација, а првенствено на нашите пријатели од Западен Балкан-Северна Македонија и Албанија, да им дадеме перспектива за почеток на пристапните преговори“, порача Фон дер Лајен.

Таа додаде дека токму Хрватска, која го презела шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, знае многу подобро од другите што значи силата на европската перспектива, колку далеку таа сила може да ја однесе државата во поглед на трансформацијата на системот и економијата, но и што е тоа што е добро што ЕУ може да го направи со својот ангажман и инвестирањето во регионот на Западен Балкан.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе