Фон дер Лајен до крајот на месецов во посета на Западен Балкан со поддршка за приклучување кон ЕУ

Со поддршка на процесот на проширување на ЕУ и приклучување на Западен Балкан претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, до крајот на месецов ќе го посети регионов, вклучувајќи ја и Македонија.

Како што јавува МИА од Брисел, Фон дер Лајен ова го најавила за време на нејзиниот годишен говор за Состојбата на Европската Унија, што се одржува секој септември и во кој претседателката ги презентира успесите и предизвиците на Унијата.

„Пред крајот на овој месец ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал на заложба за процесот на пристапување, им го должиме ова на сите млади кои веруваат во европската иднина“, рече шефицата на Европската комисија.

Според изворите на МИА во Брисел, „претседателката ќе ги посети сите земји во регионот, вклучително и Северна Македонија за време на нејзиното патување, помеѓу 28 и 30 септември“.

Таа потсети дека Европската Унија го поддржува регионот и економски преку Економскиот и инвестициски план кој изнесува третина од целокупниот бруто домашен производ на регионот, затоа што, како што рече, „инвестицијата во Западен Балкан е инвестиција во иднината на ЕУ“.

Фон дер Лајен не ги спомена поединечно земјите од регионот како што го често го правеше тоа во минатото, посебно фактот дека Северна Македонија и Албанија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите со ЕУ.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе