Во интервју за „Трилинг“ Фити изјави дека Бугарите биле окупатори, не може да се каже дека не била окупирана територијата на Македонија, а самиот чин на влегување во Македонија значеше окупација.
„Не беа тие ослободители или тоа било администрација, чисто административно Хитлер им рекол ‘влезете‘. Тоа беше чин на окупација“, вели Фити.
Но, како што додава, не сите членови на Бугарската академија на науките (БАН) застанале зад политиката на бугарската влада, како и дека МАНУ и БАН реализирале педесетина научни програми, преведени на двата јазици, македонски и бугарски. Соработката особено се интензивирал после договорот меѓу поранешните претседатели на двете академии, Камбовски и Воденичаров и немало никакви проблеми меѓу академиците, никој не спомнал дека не постои македонски јазик и слично.