Соопштение

Финската премиерка нѐ поддржува кон ЕУ, а македонскиот премиер Финска кон НАТО

„Во фокусот на средбата Ковачевски-Марин беше поддршката што Република Финска ја добива во процесот за пристапување на оваа земја во НАТО, како и силното застапување на Финска за проширувањето на ЕУ со отпочнување на преговорите за Северна Македонија за членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски истакна дека членството на Финска во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста во Евро-атлантскиот Регион, особено регионот на Високиот север и Балтикот“, велат од Владата за средбата со премиерката на Финска Сана Марин.

„Премиерите Ковачевски и Марин споделија согласност дека од посебна важност за Европа е итниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ без дополнителни условувања што Финска силно го препорачува како признание за нашата земја којашто ги исполни сите критериуми за организирање на првата меѓувладина конференција за отворање на поглавјата за членство.

Двајцата премиери на средбата изразија подготвеност да ги поддржат сите потенцијали за унапредување на економската соработка и соработката во сферите на образованието и дигитализацијата“, се вели меѓу другото во официјалното соопштение за разговорите на премиерот Ковачевски со премиерката на Финска Марин која се наоѓа во работна посета на Македонија.

Марин ќе биде примена од претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе