Финансирањето на партиите, тема на средбата на Дескоска со ДИК, ДЗР и Антикорупциска комисија

Финансирањето на политичката кампања, согласно новите измени на Изборниот законик биле едно од главните прашања на состанокот што членовите на Државната изборна комисија (ДИК) го одржале вчера со министерката за правда Рената Дескоска, претставници на Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

ДИК соопшти дека на состанокот било утврдено дека за истото прашање ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

„Имајќи предвид дека се донесени измени и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година“, пишува во соопштението од ДИК.

По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, ДИК на работниот состанок им укажала на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе