Филиповска-Грашковска тврди дека до неа не е пристигната никаква петција за поддршка на директорот Пауновски

Согласно членот 14 од Законот за инспекциски надзор, со инспекторатот раководи директор на инспекторат, кој го именува и разрешува Влада во согласност со законот. Така што директорите на инспекторатите се именуваат и разрешуваат на владини седници од страна на Владата, вели претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашковска во интервју за МИА во врска со најновите случувања во Државниот пазарен иснпекторат, каде директорот Стојко Пауновски не прифаќа да вработи 35 лица преку програмата К-5, а по што премиерот Зоран Заев најави дека тој ќе биде разрешен.

Актуелна деновиве е темата Пауновски-Заев, во врска со рамковните вработувања, откако директорот на ДПИ се спротивстави на 35-те рамковни вработувања, со образложение дека инспектори не се потребни во градовите за кои биле прераспределни 35-те лица, во западниот дел на земјата, како и дека истокот е критичен во однос на недостигот на инспекторски кадар.

Тој му порача на Заев дека слободно може да го разреши на следната владина седница.

Премиерот, пак, одговори дека очекува од вицепремиерот Љупчо Николовски да даде предлог за разрешување на Пауновски, кој, иако, како што рече му е пријател, мора да ја почитува хиерархијата.

Николовски и вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби излегоа со соопштение во кое наведуваат дека спроведувањето на решението е распределено хоризонтално и солидарно со вклученост на 237 институции.

Процесот бил започнат и досега се распоредени 635 лица кои имаат конкретни ангажмани, за конкретна јавна служба и кои се внесени во систем на оценување и мерење на нивниот ангажман.

Николовски и Груби во врска со последните прераспределби во ДПИ велат дека вработените се распоредуваат во друга институција од јавен сектор на соодветно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува. За нив, додаваат не се потребни дополнителни финансии и тие нема да вршат инспекторски дејности.

Од друга страна вработените во ДПИ во поддршка на директорот Пауновски, организираа петиција, која досега, како што велат ја потпишале над 90 отсто од вработените, која најавуваат дека в понеделник ќе ја достават до Владата.

Филиповска-Грашковска информира дека до неа не е пристигната никаква петција за поддршка на директорот Пауновски. Таа појаснува дека вработувања преку Програмата К-5, нема да направат никаква промена во барањата што ги имаат доставено инспекциските служби согласно нивните годишни планови, ниту во ефикасноста на работењето на инспекторатите, односно распоредувањата на административните службеници според усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, нема апсолутно никаква поврзаност со годишните планови за вработувања на инспекторатите.

Додава дека во годишните планови за 2021 како приоритни се вработувањата во Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Инспекторатот за животна средина, Државниот инспекторат за транспорт и Државниот комунален инспекторат.

Според овие Планови, на седница на Влада поминала одлука за одобрување на 104 нови вработувања во сите инспекциски служби во 2021 година, од кои 15 нови вработувања се предвидени за ДПИ.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе