По изборите во Германија

Филипов: Кој и да ја води владата во Берлин, поддршката за Македонија останува

Додека во Германија се прават комбинации кои политички партии и под какви услови услови ќе формираат влада, во регионов се поставува прашањето каков ќе биде односот на идната германска власт кон Западен Балкан, особено кон Македонија, со оглед на спорот со Бугарија и блокадата на нашиот евроинтегративен пат.

Иако познавачите на германската политика велат дека не се очекува промена во нивниот став и поддршка на проширувањето на Европската Унија, сепак, додаваат дека важна ќе биде позицијата на Зелените, ако влезат во новата влада, бидејќи, оттаму при проширувањето акцент ставаат не само на стабилноста во регионот, туку инсистираат на владеењето на правото. А тоа, како што велат некои аналитичари во регионот, е нешто на кое што канцеларката во заминување Ангела Меркел знаела и да замижи.

Поранешниот македонски амбасадор во Берлин, Ѓорѓи Филипов во изјава за МКД.мк вели дека треба да се почека да се види кој ќе формира влада во Германија и кој сѐ ќе влезе во владејачката коалиција, но тој очекува да се задржи истата политика кон регионот на Западен Балкан.

„Тесна е разликата меѓу во победата на социјалемократите, па има повеќе варијанти за формирање коалиција. Дури има варијанта повторно ЦДУ да биде носител, во зависност од тоа со кого ќе одлучат да бидат Зелените и либералите. Може и Меркел формално да биде канцеларка уште 2-3 месеци без да донесува важни одлуки. Но кој и да ја формира владата не очекувам промени во политиката кон Западен Балкан. Дали ќе биде Шолц или Лашет, има основа да ја задржи истата политика кон Балканот и кон проширувањето на Унијата“, ни изјави амбасадорот Филипов.

Тој објаснува дека поддршката за проширувањето на ЕУ е од досегашната коалиција предводена од Меркел, а во која министерот за надворешни работи Хајко Мас беше од

СДП. И германската Влада и Парламентот го зазедоа тој став, вели Филипов и додава дека очекува Берлинскиот процес да продолжи, а Германија и натаму да остане поддржувач на проширувањето на ЕУ.

Според него, ако нема дилема за позицијата на Германија, барем во однос на Балканот, многу важно ќе биде што ќе се случи на изборите во Франција идната година. Тоа, вели ќе биде тест за проширувањето и генерално политиката на ЕУ кон Балканот.

Проценките се дека до изборите во Франција дури може да се случи и забрзување, односно откочување на процесот, па и почеток на преговорите на Македонија. А на тоа, според Филипов, се работи, па тој контекст е и посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска престојува во Скопје.

На прашањето дали социјалистите, доколку ја формираат владата можат да постигнат напредок, амбасадорот додава дека „сега за спорот со Бугарија на некој начин се активира цела меѓународна јавност, бидејќи има и други засегнати народи и нации особено за присвојувањето на Кирил и Методиј на пример. Тоа не е само македонско-бугарска работа, туку сесловенско прашање“.

Инаку, Меркел честопати беше арбитер во локалните несогласувања на Балканот и како канцеларка успеа да ја одржи идејата за проширување на ЕУ со Западен Балкан и тогаш кога имаше отпор во самата Унија.

Но, факт е дека за политичките партии во Германија за време на предизборната кампања, Западниот Балкан беше многу малку третиран, главно во пораките за поддршка на евроинтеграциите.

„Иако надворешната политика не е во фокусот на политичките партии во Германија,

нема ништо да се промени во нивната политика кон Македонија и сакаат до крај да се истера тоа прашање“, заклучува амбасадорот Филипов.

Ж.П.Б.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе