Филипче задоволен: Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборите беше на највисоко ниво

Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво. Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи, покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколите и мерките за заштита, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој им се заблагодари и на сите медицински работници, членови на избирачките одбори, Комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите.

„Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно, со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите“, напиша Филипче.  

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе