Министерот за здравство

Филипче потврди дека имало средба кај Јовановски со Камчев, но од неа не излегло ништо

Министерот за здравство Венко Филипче ги потврди наводите на бизнисменот Орце Камчев, кој на денешното рочиште за случајот „Рекет“ рече дека во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски на 15 март се одржала средба на која присуствувал и тој.

„Средбата што се споменува во денешното судење за случајот ‘Рекет’ се одржа по барање на Бојан Јовановски, на која јас и Орце Камчев бевме повикани да разговараме за некакво јавно приватно партнерство за болница што тој имал намера да ја прави“, вели Филипче, според кого, од состанокот не излегло ништо, а друга средба немало.

По денешното судење Камчев во изјава за медиумите кажа дека со Филипче одржал нормален состанок, бидејќи тие двајца биле пријатели долги години.

„Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавноприватно партнерство за некаква болница“, рече Камчев.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе