Филипче нема амбиции да биде лидер на СДСМ

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека нема намера да се кандидира за лидер на СДСМ на партискиот конгрес, што ќе се одржи на 12 декември.

„Неме да поднесам кандидатура за лидер на СДСМ. Немам таков интерес“, одговори Филипче на новинарско прашање.

На денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања во однос на информациите дека „Алијанса“ го бара ресорот здравство, рече дека сега се е во сферата на шпекулациите и дека во моментот фокусот е ставен на окрупнувањето на парламентарното мнозинство.

„Во однос на преговорите, сега сѐ е во сферата на шпекулациите. Тие сѐ уште траат во делот на усогласувањето на политичките ставови. И денеска премиерот има состанок со лидерот на Алтернатива после што ќе се соопштат ставовите. Сега фокусот е на окрупнување на парламентарното мнозинство“, изјави Филипче.

 

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе