Филипче: Има ризик да се вратат веќе искоренети болести кај невакцинираните деца

Со години нашата земја имаше одличен  степен на имунизација, но за жал сега не е така. Исто така, постои голем ризик дел од болестите кои со години наназад се искоренети, да се вратат назад, односно да ги донесат патници од земјите каде што тие се присутни и да се заразат невакцинираните деца, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. 

„Ќе промовираме кампањи да ја подигнеме свеста и на населението и на здравствените работници, за бенефитите од вакцинацијата, да воведеме нови вакцинации во календарот, а календарот да го осовремениме со заменување на старите со нови вакцини. Антивакциналните кампањи се докажаа дека не се вистинити. Имаме обврска да се вакцинираме самите и да ги вакцинираме нашите деца”, рече Филипче на денешниот музички хепенинг кај Школка во парк по повод Светската недела на имунизација.

Во однос на епидемијата на морбили во Србија, тој изјави дека кај нас нема регистриран поголем број на случаи, но оти Министерството будно ја следи ситуацијата. Во фаза на формирање е и координативно тело за вакцинација коешто ќе ги следи состојбите и ќе работи на осовременување на календарот и на контролата на вакцинација за имунизација. 

Во врска со трансплантацијата на органи во приватните болници, министерот рече дека се прави модел на јавно приватно партнерство и оти за време на процесот на трасплантација којшто ќе биде контролиран од Министерството за здравство, заедно ќе работат тимови од доктори од клиниките од државното здравство и странски лекари. 

„Сакаме да ги искористиме капацитетите и инфраструктурите на приватните болници, нашите лекари да работат заедно со странски стручњаци кои ќе ја преземат експертизата, а во исто време станува збор за пациенти кои сега се упатуваат во странство и со тоа сакаме да го намалиме трошокот за лекување во странство”, истакна Филипче.

Тој, исто така најави дека во мај очекува да дојде претседателот на Меѓународната организација за трансплантација на органи, кој ќе ги пренесе искуствата како Македонија да биде дел од европската трансплантација.

 

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе