Филипче: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нова комисија е неиздржано, со него се покажува наводна грижа

Министерот за здравство Венко Филипче реагира на повторниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Според него, ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението.

„Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата. Токму заменичката министерка за финансии во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со месеци го одолговлекуваше и воопшто не го ни потпиша заемот од Светска Банка и со тоа практично го запре процесот на спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Заемот беше наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, кој ние го најавивме, а сега и се соочуваме со истиот.

Уште една во низата постапки со кои тие ја потврдуваат својата деструктивна политика и фактот дека последното нешто на што размислуваат е здравјето на граѓаните е постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, омаловажувајќи ја и експертизата на членовите и нивниот труд во справувањето со кризата“, објави Филипче на социјалните мрежи.

Тој смета дека барањето за формирање на нова комисија која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано.

„Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните“, вели Филипче и додава дека уште еднаш повикува на разум и одговорност, бидејќи јавното здравје е над партиските интереси. „Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкус можен рок“, вели тој.

Костадин Костадинов

Во врска со барањето на опозицијата за специјална комисија се огласи и портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов, според кого, тоа е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија.

„Наместо носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се важни за поголема заштита од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Христијан Мицкоски прават сѐ за да го кочат процесот. Тоа е опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните и здравствените работници. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија“, изјави Костадинов.

Според него, тоа нема да придонесе во поефикасна борба против коронавирусот, туку само дополнително ќе го усложни целиот процес.

„Сите, а особено опозицијата треба да се насочат кон заштита на здравјето на граѓаните, а не кон политички игри. Здравјето на граѓаните е најважно“, рече Костадинов и повика да се донесат измените на законот.

 

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе