Судски процес во Франкфурт

Филан М., Германец со македонско потекло, поборник на Исламска држава, планирал самоубиствен напад

Во судот во Франкфурт на почетокот на месецов започнал судскиот процес против 25-годишниот Германец со македонско потекло Филан М, обвинет за подготовка на напад против државата, кршење на законот за воено оружје и телесни повреди, ги пренесува Дојче веле на македонски јазик пишувањата на германските медиуми.

Филан М., според медиумите, планирал самоубиствен напад, а пред судијата во Франкфурт кусо изјавил: „Бев наивен“. 

Според пишувањето на „Франкфурте Рундшау”, обвинителството го товари дека планирал самоубиствен бомбашки напад врз еден ресторан во Заксенхаузен во близина на Франкфурт. За таа цел набавил хидроген пероксид, ацетон, батерии и сулфурна киселина како и електронски делови за бомба. Нападот не му успеал, бидејќи полицијата го открила откако се пофалил на социјалните мрежи. Тој исто така не успеал успеал да купи ни оружје и муниција на интернет, бидејќи ги префрлил биткоините на измамничка фирма.

Весникот уште пишува дека Филан М. всушност потекнува од богато семејство. Неговиот татко е сопственик на клиника, мајка му е медицинска сестра, и нему во детството ништо не му недостасувало. Откако бил осуден на 2,5 години затвор за изнуда и физички напади, во затворот преминал во Ислам и станал поборник на Исламската држава.  

„Западот го замразил затоа што на Интернет постојано гледал видеа од ракетните напади на анти-ИС коалицијата врз стари луѓе и мали деца, и тоа многу го разлутило“, додава весникот.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе