Апел до партиите

Фекри Ахмети, брат му на Али Ахмети, ги повикa партиските лидери да се стремат кон Албанија

Ооо Албанци, соберете се денеска за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии, апелираше Фекри Ахмети, брат му на Али Ахмети, лидерот ДУИ, во видео обраќањето на 13 август, кога ДУИ не успеа да организира заедничка средба со лидерите на парламентарните партии на Албанците во Македонија.

Фикрет Ахмети

Фекри Ахмети во својот повик користи стихови од песни на позната албански преродбеници. Тој симболично ги користи овие стихови, повикувајќи ги лидерите на париите на Албанците во Македонија.

Фекри повикува на братство, против делби, затоа што „непријателите тоа и го очекуваат“.

„...Тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат.

...Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност. Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. Храбри сте, ова го знаете, но каква корист има за татковината кога не е таа што била. Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни. Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“, порача Фекри Ахмети.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе