Судењето за „Монструм“ продолжува на 23 мај

Фетаи: Од новите докази ќе зависат измените во обвинението за петкратното убиство

По тричасовниот исказ на обвинетиот Фејзи Азири судот го прекина денешното прво рочиште од повторениот судски процес за случајот „Монструм". Обвинителката Фатиме Фетаи по завршување на рочиштето во изјава за медиумите рече дека важно за овој предмет е тоа што тој стартува од почеток и дека во понатамошниот тек на судскиот процес ќе се изведуваат старите докази, но исто така ќе бидат изведени и нови докази од Специјалното јавно обвинителство и од страна на одбраната.

Обвинителката Фетаи рече дека од анализата и од доказниот материјал ќе зависат и промените кои ќе ги прави обвинителството и во понатамошниот тек на судскиот процес. На прашање дали во овој предмет ќе бидат опфатени нови обвинети и дали СЈО ќе прави преквалификација на кривичното дело тероризам и терористичка организација, обвинителката Фетаи не откри детали и рече дека сѐ ќе зависи од анализата на доказите кои „темелно ќе бидат отворени и разгледани во судницата, за потоа и судот и обвинителите да можат да носат законски и правилни одлуки“.

Во текот на своето излагање и читање на старото обвинение за случајот „Монструм“, Фетаи го читаше само датумот кога се убиени четирите момчиња и рибарот, но не го спомена големиот христијански празник Велики четврток.

На прашање зошто ниту еднаш не го спомена празникот, за кој претходно обвинителката Гордана Гешковска го покрена обвинителниот акт на верска основа, Фетаи кусо одговори дека нема намера да коментира постапувања и излагања на претходни обвинители во предметот. Судскиот процес за случајот „Монструм“ продолжува на 23 мај со одбрана на останатите двајца обвинети.

K.Д.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе