Кривичен суд

Фетаи: Ние си продолжуваме со нашата работа, за „Рекет“ е надлежно друго обвинителство

Не сакам да се мешам во истрагата за случајот „Рекет“. Постапката ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам, изјави денеска обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“.

Таа додаде дека обинителите од Специјалното јавно обвинителство продолжуваат со својата работа. Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3'", изјави Фетаи пред судењето.

Обвинителката Фетаи жестоко се спротистави на одлуката на својата шефица Катица Јанева за претрес при влез и излез од зградата на СЈО.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе