Фетаи го прочита старото обвинение за „Монструм“, деталите за петкратното убиство ги расплакаа роднините на убиените

Со читање на старото обвинение за „Монструм“ почна повторениот судски процес за петкратното убиство кај Смилковскo Езеро. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека за овој случај ќе бидат приложени нови докази. 

Деталите од обвинението, меѓу кои е и начинот на кој биле убиени четирите момчиња и рибарот, ги расплакаа роднините на убиените, кои седат во последниот ред во големата судница во Кривичниот суд и го следат судењето.
 
По читањето на обвинението судот почна со распит на обвинетите. Во моментов обвинетиот Агим Исмаиловиќ одговара на прашањата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.
 
Судењето е во тек.
 К.Д.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе