Во интервју за Канал 5

Ферид Мухиќ: Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет

Договорот со Грција без преседан е најбесмисленииот и најпарадоксален договор. Камен од камен не остана од нас. 27 години сум против тој договор, изјави за ТВ Канал 5 пратеникот на собраниската група на СДСМ, професорот Ферид Мухиќ.

Како сум можел да гласам „за“ договорот, кога во моментот не ни бев во Собранието, одговори независниот пратеник Мухиќ на тврдењето на новинарката дека според собраниските служби тој гласал „за“ договорот со Грција. Во извештајот на официјалната страница на Собранието стои дека тој гласал „за“ ратификацијата на договорот.

Според Мухиќ, со договорот се бришат сите етникуми во Македонија, не само Македонците, туку и Албанците, Турците, Власите, Ромите…

„Целта на промената на името е прекројување на границите на Балканот и јасно разграничување на муслиманите и христијаните. Премиерот Зоран Заев бил храбар што конечно ги дотуркал работите до тука и штом прифатил ваков договор, тоа значи дека бил принуден на тоа. За промена на име не треба ниту граѓаните да излегуваат на референдум. Со овој договор се порекнува македонскиот национален идентитет“, рече Мухиќ.

За Мухиќ некои точки во договорот носат кон бришење на македонската нација. „Со тргање на 'македонска' од  името на највисоките национални институции како што се МАНУ и Македонскиот народен театар, станува чист доказ дека македонската нација веќе не постои. Со ова Македонија свесно се обврзува да ги укине своите национални институции. Народен – не пречи. Театар - не пречи. Што пречи? Македонски? Зошто? Затоа што македонски посочува кон нација, а нема нација. Не можеш да имаш национален театар затоа што не постои нација. Можеш да имаш народен театар на Северна Македонија и тоа не го забележувате, а тоа е експлицитен доказ дека со ова се укинува етнички и културен идентитет на Македонците како нација, а со тоа и на сите други. Со ова сите се само граѓани на Северна Република Македонија“, рече Мухиќ.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе