Собрание

Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа „за“ уставните промени

Договорот со Грција за промена на името е лош. Тоа и досега неколку пати го реков. Постојат сериозни проблеми, тоа е неоспорно. Затоа се вели дека е горчлив. Но не можеше ништо повеќе да се направи. Ако ова сега не се усвои, тоа ќе мора да го стори некоја друга влада, рече независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој досега беше против промената на името на Република Македонија.

Мухиќ денеска, во попладневната собраниска сесија за уставните измени, рече дека чувствува дека ја има привилегијата да гласа „за“ уставните промени, за живот на Македонија.

„Извонредно добро би било да се види големината на овој настан, ако сите 120 пратеници гласаат за ова. Тоа навистина би било прекрасно и практично можно. Но внатрешните кочници, инхибицијата нема да го дозволи тоа. Но го следам патот на разумот и совеста. Недвосмислено е дека прифаќањето води во живот. Голема е радоста и чувството за привилегијата што ја имам да бидам дел од луѓето што ќе гласаат за овие промени“, рече Мухиќ.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе