„Сите на крајот на краиштата покажуваме со прст кон оние кои не обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став, но и со почетокот на преговорите со ЕУ, доаѓа време после 20 години на постоење на балансерот да влеземе во нова ера. Овие преговори со ЕУ треба да бидат доволен поттик за сите нас кои сме на јавни функции да зборуваме за примена на мерит системот наспроти некои проценти. Ќе отвориме дискусија. Всушност и во стратегијата за едно општество за сите усвоена пред три години се зборува и за тоа напуштање на концептот на балансерот“, изјави Битиќи.
Мерит систем е принцип на вработување и напредување во јавната администрација според системот на квалификации, знаење и заслуги.