Изјава на шефицата на словенечката дипломатија

Фајон: Побаравме од ЕУ датум за Македонија и Албанија и кандидатски статус за БиХ

Словенија достави документ до другите 26 влади на земјите членки на Европската Унија во кој се бара Македонија и Албанија да ги отпочнат преговорите со ЕУ, а се бара и визна либерализација за Косово и кандидатски статус за Босна и Херцеговина. Министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во контекст на заложбите за евроинтеграциски пат за Украина и Молдавија, вели дека не треба да се заборави на Македонија и Албанија и дека треба да се забрза евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Фајон изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес, за да остане политиката на проширување на ЕУ кредибилна.

Фајон предупреди дека процесот на проширување е доведен под прашање и дека ги поддржува сите напори за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бих.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе