Ветото на Макрон ја поткопа ЕУ

Фајненшл тајмс: Одбивајќи го и Скопје, Франција покажа дека воопшто не сака проширување

Блокот треба да ги почне преговорите со Северна Македонија и Албанија, а потоа да се реформира, вели британски Фајненшл тајмс.

Ветото на Емануел Макрон против почнувањето на преговорите за пристапување во ЕУ со Албанија и Северна Македонија минатата недела може да се запомни како историска грешка што ја ослабува Европа и ги поткопува нејзините аспирации да стане геополитичка сила. Во чин на неоголистичка непопустливост, францускиот претседател ја торпедираше политиката за проширување на ЕУ, го лиши блокот од еден од неговите основни надворешнополитички инструменти, ја поткопа довербата во неговите ветувања и го дестабилизира неговиот балкански двор. И сето тоа во една ноќ. И сето тоа од лидер што тврди дека е симбол за европскиот дух на солидарност и соработка.

Северна Македонија и нејзиниот западен балкански сосед Албанија лани во јуни добија провизорна дозвола да ги почнат преговорите за членство, но по една година. Пред четири месеци, ЕУ повторно ја одложи одлуката, ветувајќи зелено светло на минатонеделниот самит во Брисел, само за двата кандидати да налетаат на едно француско Non.

Двете балкански земји вложија извонредни напори за да дојдат до овој момент. Албанија се покори пред притисокот на ЕУ сите свои судии да ги подложи на проверка од независна комисија, а исто така ѝ даде на европската погранична агенција Фронтекс пристап до албанските полициски операции. Северна Македонија отиде значително подалеку, дури и го смени своето име за да го реши дводеценискиот спор со Грција и да си го отвори патот кон ЕУ. Премиерот Зоран Заев, вистински реформатор, покажа голема храброст со тоа што се согласи со овој договор и вложи голем политички капитал во него. Тој може да биде истеран од власта сега кога ЕУ не го исполни својот дел од зделката.

Макрон даде два аргументи за својата одлука. Првиот е дека ЕУ треба да ги зајакне постојните политики и институции пред да додава нови членки. Вториот е дека самиот процес на проширување е фаличен со тоа што уште од самиот почеток им ги нуди на новите членки сите можни придобивки, без можност за казнување за понатамошните грешки. Ова се валидни аргументи.

ЕУ навистина треба да го реорганизира донесувањето одлуки, да ја зајакне еврозоната и многу други работи. Исто така, потребни ѝ се нови механизми за членките да одговараат за прекршување на демократските стандарди. Треба да се осигури дека пристапувањето не се состои толку од техничка усогласеност колку од коренити промени во културата на плурализмот, одговорноста и владеењето на правото. Но нема причина зошто сето ова не може да се реши откако ЕУ ќе ги почне официјалните преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија, процес што веројатно ќе трае една деценија.

Исто така, постои длабока загриженост за организираниот криминал, корупцијата и владеењето на правото, особено во Албанија, чија мафија стана позната во некои земји на ЕУ. Данска и Холандија исто така ја одбија кандидатурата на Тирана. Сепак, одбивајќи го и Скопје, Франција покажа дека воопшто не сака проширување. Тешко е да се замисли дека Макрон ќе се премисли и ќе им даде цврсти аргументи за тоа на француските гласачи пред изборите во 2022 година.

Со затворањето на вратата за проширување, Франција ја остава ЕУ без веродостојна рамка за односи со нејзиното соседство, не само со целиот западен Балкан, туку и со земјите како Молдавија, Украина и Грузија, за кои членството сè уште е предлог, иако далечен. Ако ЕУ не може да ги привлече своите соседни територии во стабилна орбита, таа ќе се мачи таму да спроведува автономна надворешна политика, што наводно е примарна цел на Париз. Ако господинот Заев биде заменет со тврдокорни националисти во Северна Македонија, кои потоа ќе се спротивстават на договорот со Грција и ќе го разгорат паналбанското чувство низ целиот регион, Балканот би можел повторно да западне во мрачна ера.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе