„Фајненшел тајмс“, прилог „Invest in Greece“: Договорот од Преспа редок балкански дипломатски успех

Договорот од Преспа веројатно е најголемото дипломатско достигнување на Западен Балкан, по Дејтонскиот договор со кој беше ставен крај на војната во Босна и Херцеговина во 1995 година. Преспа покренува надежи за напредок во справувањето со другите регионални предизвици, особено спорот меѓу Србија и Косово, за меѓуетничките ривалства и уставниот ќорсокак во БиХ, но потребни се и неколу чекори за да се зацврстат неговите продобивнки, се наведува во прилогот „Invest in Greece“ на „Фајненшел тајмс" насловена „Договорот за новото име на Северна Македонија редок балкански дипломатски успех".

„Историјата треба да биде училиште, а не затвор, рече Никос Коѕијас, поранешниот грчки министер за надворешни работи. За Балканот, кој со генерации е растргнат од етнички, политички, верски и територијални спорови, ова е амбициозен предлог. Сепак, решавањето на спорот за името помеѓу Грција и Северна Македонија сугерира дека Коѕијас е на вистинскиот пат. Зошто болните историски спомени да ги заглавуваат балканските влади и општества во бесконечна спирала на сомнеж и страв?, пишува во прилогот на ФТ.

Весникот потсетува дека со Преспанскиот договор кој стапи во сила на 12 февруари „Поранешната југословенска Република Македонија“ се преименува во Северна Македонија, термин кој не подразбира никаква територијална претензија кон северниот грчки регион Македонија. Од своја страна, Грција го призна правото на народот во Северна Македонија да го користи терминот „македонски” за јазик и националноста. На овој начин, се посочува во анализата, беше најден одговор за последното реинкарнирање на македонското прашање – постојан извор на тензии на јужниот Балкан од крајот на 19 век.

Компромисот, се вели во текстот, бараше значителна политичка храброст од премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, кои се соочија со силен отпор од опозицијата во двете двете земји. Сепак, Преспа е правно обврзувачки меѓународен договор, а неговото значење се протега надвор од двете држави кои го потпишаа.

Преспа, се вели во прилогот, покренува надежи за напредок во справувањето со другите регионални спорови, но не може да биде образец за исцелување на други конфликти бидејќи секој од нив е различен и има свои специфики. Спорот за името предизвика сериозни прашања за преклопување на тврдењата за симболите и суштината на националниот идентитет, што се рефлектира преку призми на историски мит, култура и денешна политичка борба. Но, во суштина тоа беше дипломатски проблем на кој му требаше дипломатско решение.

Преспанскиот договор, ќе се оценува и по тоа дали ќе ги отстрани сомневањета за долгорочната стабилност на Северна Македонија, а за да се случи тоа, потребни се три чекори.

„Прво, ЕУ мора да ги отвори своите врати за Северна Македонија и Албанија. Идеално е ЕУ да ги започне преговорите за членство со двете држави оваа година. Членството во ЕУ ќе се награди на Преспа со тоа што ќе стане ирелевантна границата меѓу Грција и Северна Македонија, исто како што одамна беа решени граничните спорови меѓу Франција и Германија. Во меѓувреме, почетокот на разговорите за влез на Албанија во ЕУ треба да ги заузда националистите во Тирана и Косово во обидите да ги искористат за своите цели и етничките Албанци во Северна Македонија“, пишува во весникот.

Второ, не смеe да се дозволи дискредитирање или уништување на Преспанскиот договор од страна на неговите противници. Опозициската Нова демократија се чини дека ќе се врати на власт во Грција по следните парламентарни избори, кои треба да се одржат до октомври. Нова демократија е критична кон Преспа, но би било поумно Киријакос Мицотакис, лидерот на партијата, да го прифати договорот и да помогне во интегрирањето на Северна Македонија во ЕУ и НАТО, политики кои сигурно се во национален интерес на Грција, се вели во анализата во која Македонците се именуваат „Славомакедонци“.

„Исто така, време е и десничарските противници на Заев да се збогуваат со македонскиот шовинизам. Нивниот бомбастичен национализам направи голема штета на репутацијата на младата држава за време на владеењето на Никола Груевски 2006-2016. Сега Северна Македонија мора да негува инклузивен граѓански патриотизам кој ги штити, па дури и ги зајакнува правата на своите етнички Албанци“, пишува Тони Барбер во прилогот на ФТ.

Ова, како што се посочува, води до третата точка. – Новото прашање на јужен Балкан е дали етничките Албанци во регионот ќе бидат задоволни да останат дисперзирани во три држави – Албанија, Косово и Северна Македонија – или дали некои или сите ќе се обидат да се обединат во Голема Албанија. Секој таков гамбит носи висок ризик за втурнување на регионот во насилство. Затоа, политичарите на етничките Албанци во трите заедници треба да бидат воздржани. Меѓутоа, во замена, ЕУ и регионалните балкански политичари, вклучително и во Скопје, мора да ги убедат сите Албанци дека нивните аспирации за просперитет, граѓански права и европска интеграција добиваат соодветно внимание. На ова, не помалку од Преспанскиот договор, ќе зависи и благосостојбата на Северна Македонија, па дури и нејзиниот опстанок, се наведува во прилогот на „Фајненшел тајмс“. 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе